Tурбо Сервис произведува виско вентилатори, виско склопки и елиси за товарна, градежна и агро-програма.
Производната програма е составена од голем асортиман на производи коишто се наменети за сериски мотори, а по потреба нашите производи можеме да ги прилагодиме и на индивидуално вградување. Покрај нашата производна програма, во нашата понуда имаме и виско вентилатори од германскиот производител „BehrHell“ и шпанскиот производител „Cojali“.
Програмата за сервис на виско вентилаторите вклучува индустриски ремонт на виско вентилаторите и електромагнетните спојници на товарната програма.
|
Виско вентилаторите се користат за ладење на моторот и се составени од елиса и виско спојка. Во зависност од конструкцијата, спојката може да биде управувана механички или пак на електричен начин. Механички управуваните виско вентилатори добиваат температура од системот за ладење, а управувањето со механизмот е преку биометал којшто е поставен на виско склопката, додека пак управувањето на електричен начин се изведува преку контролните единици на моторот. Управуваното ладење на моторот како краен резултат го има намалувањето на бучавата и намалувањето на потрошувачката на гориво.
Виско вентилаторите од поновата генерација во зависност од потребата на моторот можат да имаат повеќе различни нивоа на работа, односно повеќе брзини на вртење.
Погонот за вртење треба да биде директен поврзан со коленестото вратило на моторот или преку системот на ремени.
Copyright Turbo servis Užice.
Developed By Sol Production 2018.