АНАЛИЗА НА ПРИЧИНИТЕ ЗА ДЕФЕКТ НА ТУРБО - КОМПРЕСОРОТ

 

Поголемиот број дефекти кај турбо - компресорот се предизвикани од проблеми коишто не се поврзани со него. Доколку турбо - компресорот е во неисправна состојба, од големо значење, покрај неговата промена, да се утврди и елиминира причината за дефект на турбо - компресорот за да не се расипе повторно вградениот турбо - компресор. Согласно препораките на најголемите светски произведувачи на турбо - компресори: „Garrett“, „Holset“, „Borg Warner“ (KKK i Schwitzer), „MHI“ и „IHI“ за коишто ние сме овластени сервисери и дистрибутери за Србија и Црна Гора, а имајќи го предвид и дваесет и петгодишното искуство во ремонтирање на турбо - компресори, при извршениот преглед на вашиот турбо - компресор утврдено е следново:

 

ВЛЕЗ НА НАДВОРЕШНО ТЕЛО ПРЕКУ ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ

 

Оштетувањето на турбо - компресорот е предизвикано со влегувањето на надворешно тело во куќиштето на компресорот. Надворешното тело го оштетува компресорското коло од челната, однос влезната страна што се гледа од кршењето на лопатките. Ова оштетување предизвикува дебаланс на роторот на турбо - компресорот и со самото тоа доведува и до оштетување на лежиштата и заптивните карики на турбо - компресорот. Како краен резултат доаѓа до зголемена потрошувачка на масло, моторот нема снага и се појавува црн или бел чад од ауспухот. Оваа појава често е придружена и со пискав звук за време на работата на турбо - компресорот. Надворешното тело може да се појави и во шмукувачката грана како резултат на оштетувањата на филтерот за воздух, дупка или пукнатина на цревата за воздух или ако се пропаднати стегите на спојот на цревата, или пак, доколку не е исчистена инсталацијата за време на претходниот ремонт на турбо - компресорот. .

 

Пред повторно вградување на турбо - компресорот потребно е да се пронајде од каде  влегло надворешното тело и да се елиминира можноста од повторување на ваквата несакана појава , а тоа поздразбира да се направи повторна контрола и да се исперат цревата на шмукачката грана, да се проверат и по потреба да се заменат стегите на цревата, како и да се замени филтерот за воздух. Во спротивно дефектот ќе се повтори.

ВЛЕЗ НА НАДВОРЕШНО ТЕЛО ПРЕКУ МОТОРОТ

 

 До оштетување на турбо - компресорот доаѓа поради влез на надворешно тело во зоната на ротација на турбинското коло. Надворешно тело може да влезе преку блокот на моторот (дел од вентил, куќиште на грејач или водилки), но исто така, истиот дефект може да биде предизвикан и од оштетувања на внатрешните ѕидови на издувната грана. Оштетувањето на роторот на турбината доведува до дебаланс на роторот на турбо - компресорот, а со самото тоа и до абење на лежиштата и заптивните карики на турбо - компресорот, па оттаму доаѓа и до појава на потрошувачка на масло, моторот нема снага и се појавува бел или син чад од ауспухот.


Оваа појава често е придружена и со пискав звук за време на работата на турбо - компресорот, а најчесто се оштетува и компресорското коло. Пред повторно вградување на турбо - компресорот потребно е да се пронајде од каде влегло надворешното тело во турбо - компресорот и така да се елиминира причината за дефектот. Во спротивно дефектот ќе се повтори.  Тоа значи да се направи повторна контрола на издувната грана и да се провери состојбата на моторот.

 

 

 

БЛОКАДА НА МОТОРНИТЕ СОПИРАЧКИ / КАТАЛИЗАТОРОТ


Со демонтажата на турбо - компресорот е утврдено оштетување коешто е карактеристично за појавата на делумно или целосно затнување на цевката за издувни гасови (aуспух). Делумното или целосното затнување на цевката создава голем притисок на издувните гасови во куќиштето на турбината, а бидејќи издувните гасови не можат непречено да излезат од моторот, тие го туркаат роторот на турбо - компресорот нанапред кон страната на компресорот. На челната страна на турбинското коло можат да се видат трагови од недозволеното абење на турбинското коло од штитникот за пламен, па низ турбо - компресорот протекува масло. Сето ова предизвикува губење на снагата на моторот, поголема потрошувачка на масло, како бел и син чад од ауспухот. Причината за дефект е неисправната (блокирана) моторна сопирачка (неисправен цилиндар на сопирачките или пак е заглавена осовината на перката од моторната сопирачка) односно некое надворешно тело го блокирало ауспухот.
 
Пред повторно да го вградите турбо - компресорот потребно е да се отстрани причината за дефектот, а тоа во овој случај е моторната сопирчка и потребно е да се направи повторна контрола на ауспухот.

 

 

 

ЗАТНУВАЊЕ НА КАТАЛИЗАТОРОТ

 

Кај патничките возила во ауспухот на моторот е вграден катализатор. Со текот на времето, како последица на таложењето на производите од согорувањето, гарежот и саѓите доаѓа до делумно или целосно затнување на катализаторот. Делумното или целосното затнување на цевката создава висок притисок на издувните гасови во куќиштето на турбината и како и во претходниот случај, ова предизвикува губење на снагата на моторот и поголема потрошувачк на маслото, бел или син чад од ауспухот, како и оштетување на работните кола на роторот на турбо - компресорот.

 

 

 

ПРИТИСОК НА МАСЛОТО ВО КАРТЕРОТ НА МОТОРОТ

 

Демонтираниот турбо - компресорот има дефект којшто се рефлектира преку потрошувачката на маслото, а според формата и видот на оштетување на деловите, со сигурност е утврдено дека моторот на којшто е вграден овој турбо - компресор има ефект на висок притисок од маслото во картерот на моторот. Овој дефект на турбо - компресорот е исто така придружен и со симптоми на дефект на моторот, како што се: губење на снага, голема потрошувачка на масло и бел или син чад од ауспухот. Карактеристични знаци на насилно истекување претставува појавата на „живо масло“ на страната на турбината. Куќиштето на компресорот е извалкано со маслото во зоната на вшмукување и  со оглед на тоа што турбината вшмукува воздух, споменатото масло може да дојде само од одушокот на моторот, т.н. „иберлауф“. Ако го прегледате цревото за вшмукување ќе забележите дека маслото се шири од одушокот до турбо - компресорот. Поради одреден проблем со моторот се појавува и зголемен притисок во картерот на моторот. Зголемениот притисок го зголемува нивото на маслото во картерот, па оттаму се појавува ова таканаречено „живо масло“ на одушокот на моторот и во исто време, бидејќи турбо - компресорот е поврзан со картерот на моторот преку одводот за масло на турбо - компресорот, притисокот на маслото ги оптеретува заптивните карики во турбо - компресорот, па маслото присилно преминува на заптивните карики иако тие не се физички оштетени. Со текот на времето, зголемениот притисок на маслото во картерот ги оштетува заптивните карики на  турбо - компресорот, па затоа е неопходно да се направи ремонт на турбо - компресорот.

 

Кај овој вид дефекти, обично поголемиот дел од потрошувачката на масло се однесува на моторот, а помал дел на турбо - компресорот, па со ремонтот на турбо - компресорот не се решава проблемот за потрошувачка на маслото.

 

ПОЈАВАТА НА ВИСОК ПРИТИСОК ВО КАРТЕРОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ОД НАЈРАЗЛИЧНИ ПРИЧИНИ:

 

  • Запушен oдушок на моторот (iberlauf - „иберлауф). Kај овој случај цревото за вшмукување на  турбо - компресорот е суво.
  • Цевката за одвод на маслото од турбо - компресорот до картерот е: свиткана, запушена, има намален проток и потребен е соодветен агол за одвод на маслото (+/-15 степени oд вертикалата).
  • Нечист филтер за воздух
  • Многу висок внатрешен притисок во моторот како резултат на истрошеноста на деловите и склоповите на моторот; (изабени карики, хилзни и други делови на моторот). Пред повторно вградување на турбо - компресорот мора да се реши проблемот со зголемениот притисок на маслото во картерот. Ако на ваков мотор, вградите ваш ремонтиран или друг нов турбо - компресор ќе се случи истото: турбо - компресорот насилно ќе започне да испушта масло.

 

 

 

НЕЧИСТО МАСЛО

 

Со демонтажата на централниот склоп на турбо - компресорот утврдено е големо абење на лизгачките површини на лежиштата и осовините на турбо - компресорот. Јасно се гледаат трагите од абењето - бразди на карактеристични места како последица од нечистотиите во маслото за подмачкување. Маслото се контаминира од производите од согорувањето и од струготините на делови од моторот. Во зависност од степенот на нечистотијата на маслото, со текот на времето доаѓа до зголемување на јазот меѓу лежиштата и осовината што предизвикува абење на заптивните карики и појава на дебаланс на роторите на турбо - компресорот, па дури и до допирање на лопатките на турбинското и компресорското коло од куќиштето на турбо - компресорот. Турбо - компресорот троши масло, моторот нема снага и се појавува бел и црн чад од ауспухот. При  монтажата на цревата со приклучоци за довод и одвод на маслото не смее да се користи заптивна маса, туку само оригинални дихтунзи.

 

 

 

НЕЧИСТО МАСЛО ПО ИЗВРШЕН ГЕНЕРАЛЕН РЕМОНТ НА МОТОРОТ

 

За време на поголеми поправки, како што е генералниот ремонт на моторот, кога моторот се демонтира, често заостанатите струготини од ремонтот завршуваат во маслото и го абат целиот мотор. А бидејќи роторот на трибината ротира некогаш и по 50 пати побрзо од останатите осовини на моторот, абењето на турбината е многу поголемо и побрзо. По завршувањето на генералниот ремонт задолжително треба добро да се  испере картерот на моторот. Пред повторно вградување на турбината треба да се отстрани причината за дефектот. Неопходно е да се замени маслото и филтерот за масло, како и да се исчисти картерот на моторот. Во спротивно, повторно ќе се случи истиот дефект.

 

 

 

ПРЕКИН НА ПОДМАЧКУВАЊЕТО

 

Demontažom centralnog sklopa turbokompresora utvđeno je oštećenje kliznih površina ležajeva i osovine sa turbinskim kolom. Pored tragova habanja karakteristična je i promena boje osovine na mestu habanja. Loše podmazivanje ili prekid podmazivanja turba prouzrokuje rapidno habanje i povećanje zazora između ležajeva i osovine. Vremenom dolazi do pojave debalansa rotogrupe, habanja zaptivnih karika, pa turbo troši ulje. Kao posledica tog debalansa rotora i oštećenja lopatica radnih kola, motor gubi snagu, a na auspuhu se pojavljuje plavi ili crn dim. Često ovaj kvar izaziva lom rotora turbokompresora. Do prekida podmazivanja može doći usled začepljenja kanala za podmazivanje krupnim opiljcima u ulju, diht masom ili usled kvara na motoru.

 

Pre ponovne ugradnje turba moraju se proveriti creva za dovod ulja, zameniti ulje i filter za ulje i izvršiti ispiranje kartera motora, u protivnom ponovo će doći do istog kvara.

 

 

 

ВРТЕЊЕ НА РОТОРОТ НАД ДОЗВОЛЕНИОТ БРОЈ НА ВРТЕЖИ

 

Со демонтажата на централниот склоп на турбо - компресорот утврдено е оштетување на лизгачките површини на лежиштата и осовините со турбинското коло. Покрај трагите од абење, карактеристична е и промената на бојата на осовината на местото на абење. Лошото подмачкување или прекинот во подмачкувањето на турбината предизвикува рапидно абење и зголемување на јазолот меѓу лежиштата и осовините. Со текот на времето доаѓа до појава на дебаланс на роторите, абење на заптивните карики и на тој начин турбината троши масло. Како последица на тој дебаланс на роторите и оштетувањето на лопатките на работните кола, моторот ја губи снагата, а од ауспухот се појавува син или црн чад. Честопати овој дефект предизвикува расипување на роторот на турбо - компресорот. До прекин на подмачкувањето може да дојде како последица на затнувањето на каналот за подмачкување со големи струготини во маслото, поради заптивната маса или поради дефект на моторот.

 

Пред повторното вградување на турбината потребно е да се проверат цревата за довод на масло, да се замени маслото и филтерот за масло и да се испере картерот на моторот, во спротивно повторно ќе дојде до истиот дефект.

 

 

 

ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

 

Оштетувањето на турбинското коло со осовина е предизвикано од премногу високата температура на издувните гасови. Причина за овој дефект на турбо - компресорот е неправилното согорување во моторот. Овој дефект е последица на неисправната работа на системот за снабдување со гориво или на неправилното прилагодено согорување. Високата температура на ракавите на осовините предизвикува согорување на маслото, па затоа велиме дека маслото „коксира“. На високи температури, материјалот на заптивните карики ги губи своите својства, абењето на лежиштата е забрзано, па турбо - компресорот троши масло. Се случува и кршење на лопатките на роторот на турбо - компресорот или пукање на куќиштето на турбината. Изгореното или напукнатото куќиште на турбината предизвикува истекување на издувните гасови, па оттаму се слуша и пискав звук кога работи турбо - компресорот, а моторот нема снага и се појавува црн чад од ауспухот.


Пред повторното вградување, потребно е да се направи повторна контрола на работата на системот за снабдување со гориво, да се замени маслото и филтерот за масло и воздух.