TWO STAGE Турбо компресори (ДВОСТЕПЕНИ ТУРБО КОМПРЕСОРИ)

 

Двостепените турбо - компресори ја претставуваат најновата генерација на турбо - компресори. Со комбинирање на два турбо - компресора  во една целина се постигнува подобро снабдување на моторот со воздух и при ниски вртежи, а притоа се зачуваат и перформансите при високи вртежи. На овој начин е избегната таканаречената „турбо дупка“ којашто веќе долго време претставува проблем за турбо моторите. При ниски вртежи работи помал турбо- компресор, додека пак со зголемувањето на бројот на вртежи на моторот и потребата од поголема количина на воздух, работниот процес се префрла на поголемиот турбо- компресор.

 

 

 

Првиот сериски автомобил со двостепен турбо - компресор е BMW 535d од 2004 година којшто благодарение на овој тип на турбо - компресори сериски располагаше со 200 KW снага и 410Nm при 2000rpm.

 

Во моментов, ваквиот тип на турбо - компресори се вградуваат во многубројни единици кај патничките и товарните мотори обезбедувајќи високи перформанси на моторот како при ниски, така и при високи вртежи со исполнување на европските стандарди за емисија на издувните гасови.

 

 

 

Поради добрите перформанси на моторот со двостепени турбо - компресори, некои производители започнаа со вградување на тростепени турбо - компресори.