Дијагностика на дефекти
90% од дефектите на турбо - компресорите се случуваат во следниве случаи:
- Присуство на надворешно тело во турбината или компресорот
- Нечистотија во маслото
- Недоволен притисок на маслото за подмачкување (пумпа за масло / филтер за масло)
- Висока температура на издувните гасови (систем за палење / систем за вбризгување)
Грешките се избегнуваат со редовно одржување на моторот.
Пред да се пристапи кон демонтажа на турбо - компресорот од моторот треба да се обрати внимание на следниве можни причини:
Црн чад од ауспухот на моторот?
- Неисправен вентил за ослободување на турбината
- Заглавен вентил за ослободување на турбината
- Oштетено компресорско или турбинско коло
- Оштетено куќиште на турбината – пукнатина
- Продупчена инсталација за одвод на воздухот
- Нечист / придушен филтер за воздух
- Нечист интеркулер
- Продупчен интеркулер
- Неисправен систем за снабдување со гориво
- Неисправна моторна сопирачка
- Пукната или недоволно затегната издувна грана
- Нарушено палење
- Оштетени вентили, карики, цилиндри на моторот
- Лоша општа состојба на моторот, лоша компресија и висок внатрешен притисок во моторот
- Појава на гас од картерот поради изабени клипови, карики на хилзни, гумици и вентили
Син чад од ауспохот на моторот?
- Неисправен турбо - компресор
- Oдушокот на моторот е пригушен или затнат
- Нечист или пригушен филтер за воздухот
- Премногу масло во картерот на моторот
- Придушено, превиткано или затнато црево или цевка за одвод на маслото од турбо - компресорот кон картерот на моторот
- Оштетени вентили, карики, цилиндри на моторот
- Лоша општа состојба на моторот, лоша компресија и висок внатрешен притисок во моторот
- Појава на гас од картерот поради изабени клипови, карики на хилзни, гумици и вентили
- Притисокот на турбината е превисок?
- Неисправен или заглавен вентил на турбината
- Заглавена варијабилна геометрија на турбината
- Неисправен електромагнетен вентил
- Неисправна вакуумска инсталација
Оштетено турбинско и компресорско коло?
- Надворешно тело влегло преку филтерот за воздух
- Продупчена инсталација за вшмукување
- Надворешно тело влегло преку моторот
- Напукнато куќиште на турбината, испукана издувна грана
- Моторот троши масло?
- Неисправен турбо - компресор
- Пригушен или затнат одушок на моторот
- Нечист или пригушен филтер за воздух
- Оштетени вентили, карики, цилиндри на моторот
- Придушено, превиткано или затнато црево или цевка за одвод на маслото од турбо - компресорот кон картерот на моторот
- Лоша општа состојба на моторот, лоша компресија и висок внатрешен притисок во моторот
- Појава на гас од картерот поради изабени клипови, карики на хилзни, гумици и вентили
Губење на снагата на моторот - низок притисок?
- Неисправен турбо - компресор
- Неисправен вентил за ослободување на турбината
- Заглавен вентил за ослободување на турбината
- Oштетено компресорско или турбинско коло на турбо - компресорот
- Продупчен интеркулер
- Неисправен систем за снабдување со гориво
- Нечист или пригушен филтер за воздух
- Пригушено црево за довод на воздухот во турбо - компресорот
- Пропуштање на воздухот на водот од турбината до вшмукувачката грана на моторот
- Неисправна моторна сопирачка
- Пукната или недоволно затегната издувна или вшмукувачка грана
- Лоша општа состојба на моторот, лоша компресија и висок внатрешен притисок во моторот
- Појава на гас од картерот поради изабени клипови, карики на хилзни, гумици и вентили
Маслото истекува на компресорската страна?
- Неисправен турбо - компресор
- Нечист или пригушен филтер за воздух
- Придушено, превиткано или затнато црево или цевка за одвод на маслото од турбо - компресорот кон картерот на моторот
- Пригушен или затнат одушок на моторот (сепаратор/ иберлауф)
- Пропуштање кај затворачите на водилката од вентилот
- Премногу масло во картерот на моторот
- Прекумерна работа на моторот во лер
- Лоша општа состојба на моторот, лоша компресија и висок внатрешен притисок во моторот
- Појава на гас од картерот поради изабени клипови, карики на хилзни, гумици и вентили
- Оштетени вентили, карики, цилиндри на моторот
- Маслото истекува на турбинската страна?

Турбо - компресор е бучен?
- Неисправен турбо - компресор
- Дебаланс на роторот на турбо - компресор
- Oштетени лопатки на роторот на турбо - компресорот
- Недоволно затегната издувна грана на моторот
- Недоволно затегната вшмукувачка грана на моторот
- Недоволно затегнати споеви и цевки на „EGR“ вентилот и издувната грана.
- Продупчена воздушна инсталација