ЗА НАС  - TУРБО СЕРВИС УЖИЦЕ

ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

 

Tурбо Сервис е лидер на пазарот за сервисирање и продажба на турбо -  компресори, виско вентилатори и пумпи за вода како во Србија, така и во околните земји.

 

Својата позиција на пазарот ја одржува со континуирано усовршување на кадарот, примена на современа технологија, ширење на дистрибутивната мрежа во рамките на имплементираниот систем за управување со квалитет ISO 9001-2008, како и со помош на знаењето од областа на управувањето, стратегијата и тактиките на маркетинг принципите.

 

Искуството од над 30 години и 60 -те вработени зборуваат за големината и стручноста на нашата компанија, а квалитетот го докажуваме со многубројни застапништва  на светските водечки производители на турбо - компресори и виско вентилатори: „BorgWarner – KKK и Schwitzer“, „Holset“, „Melett“, како и со голем број корисници на нашите услуги и производи.

 

Со усвојувањето на политиката за квалитет, Турбо Сервис ја потврди намерата да ја зајакне својата позиција на пазарот и продажбата на производи со висок квалитет, како и постојано да се подобрува. Континуираното подобрување се спроведува преку обуки на вработените, подобрување на нивната безбедност при работа, постојаното подобрување на квалитетот на производите, исполнување на барањата на клиентите и заштита на животната средина.


Бројните признанија и награди ја потврдуваат успешната работа на Турбо Сервис. Тука ќе го споменеме признанието од Стопанската комора на Србија за постигнатите резултати во развојот и унапредувањето на економијата, потоа признанието од Регионалната стопанска комора за постигнатите резултати во долгогодишната работа и за придонесот во развојот на економијата на Златиборскиот крај, како и многубројни признанија од нашите добавувачи за почитување на нивните стандарди во сите деловни сегменти.

 

ИСТОРИЈА

 

 

1984.

Основање и започнување со ремонт на турбо - компресорите

 

1988.

Почеток на ремонт на виско вентилаторите

 

1989.

Изградба на нов сервис од 250 m2

 

1990.

Почеток на производството на виско вентилатори

 

1993

Основање на претставништво во Белград

 

1996

Договор за дистрибуција со англиската компанија „HOLSET“

 

1997

Договор за дистрибуција со производителот на  турбо - компресорите „GARRETT“

 

1997

Договор за дистрибуција со компанијата „BorgWarner-KKK, SCHWITZER“

 

2001

Изградба на нов деловно - сервисен центар во Ужице од 1600 m2

 

2003

Договор за дистрибуција со германската фирма „BEHR“

2006

Имплементиран систем за управување со квалитет  ISO 9001-2000

 

2009

Имплементиран систем за управување со квалитет  ISO 9001-2008

 

2011

Доградба на новиот сервисен погон од 200m2

 

2014

Имплементирање на системот за квалитет за заштита на животната средина  ISO 14001

 

2015

Доградба на новиот сервисен погон oд 400m2

 

2016

  • Почеток на имплементацијата на стандардот за автомобилската индустрија ISO 16949
  • Добиен сертификат за почисто производство
  • Стартување на линии за сериски ремонт на турбо - компресори

 

2017

  • Стартување на линии за професионално чистење на партикуларните филтери
  • Почеток на работата на претставништвото во Бања Лука

 

2018

Почеток на работата на претставништвото во Подгорица

 

Tурбо Сервис е овластен сервисер и диструбутер на најголемите светски производители на турбо - компресори.