Принцип на работа на турбо - компресорот

 

Снагата на моторот е пропорционална со количината на воздухот и гориво којашто може да согори во цилиндерот. Повисокиот проток на воздух низ моторот обезбедува поголема енергија, а со самото тоа и поголема снага. Кај мотор со турбо - компресор, воздухот се компресира пред да влезе во цилиндарот. Имајќи предвид дека е под голем притисок, големата количина на воздух влегува во цилиндерот, што доведува до поголема ефикасност при согорувањето на горивото. Ова ја зголемува излезната снага на моторот, давајќи поголема снага и поголема брзина во однос на конвенционалните атмосферски мотори, а исто така ја намалува емисијата на издувни гасови.

 

Предности на турбо - компресорот

 

Строгите правила за емисија на издувни гасови ширум светот претставуваат предизвик за производителите на автомобили за да дизајнираат мотори коишто ги исполнуваат стандардите за заштита на животната средина, а притоа произведените возила да бидат и удобни за возење.


Турбо - компресорите го исполнуваат овој предизвик и придонесуваат за придобивките на крајниот корисник. Во споредба со конвенционалните мотори со идентична снага, потрошувачката на гориво кај моторите со турбо - компресор е пониска, а дел од енергијата на издувните гасови којашто обично е неискористена кај овие мотори се користи и придонесува за подобрување на нивната ефикасност.

 

Брза реакција

 

Кај стандардните единици, сосема е реално турбо - компресорот да ја удвои снагата на моторот што резултира со побрза реакција при возењето. Турбо -компресорите исто така влијаат да се избегне и губењето на снагата при високи вртежи на моторот што им обезбедува предност на камионите, градежните и другите машини чиишто мотори имаат турбо - компресори.

 

Економичност

 

Турбо - компресорите ја рециклираат енергијата којашто ја произведуваат моторите на автомобилите, трансформирајќи повеќе енергија во снага создадена со согорувањето на горивото и на тој начин создаваат помалку бескорисна топлина и триење. Како резултат на ова се појавува поголема штедливост во потрошувачката на горивото кај моторите со турбо - компресор во однос на конкуренцијата,  односно во однос на конвенционални мотори без турбо компресор. Односот снага / тежина кај моторите со  турбо - компресор е многу подобар во однос на конвенционалните мотори. Моторот со турбо - компресор мотор бара помалку простор за вградување во однос на конвенционалните мотори со иста снага.

 

Eкологија

 

Бидејќи турбо - компресорите испорачуваат повеќе воздух во моторот, внатрешното согорување е полесно, подиректно, а со самото тоа и почисто. Денешните дизел мотори со турбо - компресор произведуваат 50% помалку CO2 во однос на конвенционалните мотори без турбо - компресор.

Перформанси на поголеми надморски височини

 

Перформансите на турбо моторот на поголеми надморски височини се значително подобри. Понискиот притисок на воздухот на повисоките надморски височини може да предизвика загуба на снагата кај конвенционалните мотори. Спротивно на ова, перформансите на турбините се подобруваат во истите, горенаведени услови како резултат на зголемената разлика во висината на притисокот во турбината и надворешниот (атмосферскиот) притисок на издувот којшто се намалува со зголемената надморска височина. Пониската густина на воздухот во делот на вшмукување на компресорот претежно е изедначена. Оттаму, турбо моторот едвај да трпи какви било загуби на снагата на поголеми надморски височини.


nadmorska_visina