„Wastegate“ - Вентил за ослободување на притисокот на турбинатаe

 

Кога брзината на моторот е мала, единиците коишто бараат добри перформанси користат помали турбо -компресори. Иако се конструирани да го издржат ротирањето на осовината со брзина поголема од 280000 o/m, како и температура на издувните гасови од над 1000 целзиусови степени, сепак постои можност малите турбо - компресори да се префорсираат при поголеми брзини и оптоварување на моторот.
 
За да се спречи ова, кај одредени турбо компресори се вградува „westegate“ или вентил за ослободување на турбината. Ова овозможува кога притисокот ќе ја достигне максималната дозволена вредност да се отвори вентилот којшто овозможува вишокот на издувни гасови да ја „ заобиколи“ турбината и да отиде директно во системот за издувни гасови.
 
„Wastegate„ вентилите можат да бидат притисни, вакумски или електрични. Исто така, според начинот на вградување тие се делат на внатрешни и надворешни. „Wastegate“ внатрешните вентили се составен дел на турбо - компресорот, додека пак „wastegate“ надворешните вентили се вградуваат независно од турбо - компресорот на издувната гранка на моторот.

Притисен вентил

 

Наједноставната форма на „wastegate“ контрола е пневматско - притисниот вентил за растеретување на турбо - компресорот. Вентилот е директно поврзан со издувот на компресорот, така што кога притисокот ќе почне да се зголемува и да делува на актуаторот, пружината почнува да делува на лостот којшто потоа ја отвора клапната на куќиштето на турбината и дел од издувните гасови одат директно во издувниот систем.

Комората на вентилот е поделена на два дела со мембрана. Со зголемување на притисокот во турбо компресорот се зголемува и притисокот во комората на вентилот сè до нивото коешто е доволно да се помести пружината на осовината. Кај дизел единиците, притисокот на на отворање на wastegate вентилот е прилично поголем отколку кај бензинските единици.

 

Вакумски вентил

 

Вакумскиот вентил за растеретување работи на сличен принцип, како и притисниот вентил. Основната разлика се состои во тоа што со вентилот управува централната единица на моторот со помош на електромагнетните вентили и со помош на вакуум. Калибрацијата на моментот на отворање на вентилот треба прецизно да се прилагоди за да може моторот да работи нормално. Доколку калибрацијата е прилагодена премногу ниско, како резултат на што турбината не го постигнува максималниот дозволен притисок, во тој случај перфомансите на моторот ќе бидат полоши, а ова може да предизвика и дим од ауспухот на моторот и зголемување на температурата кај дизел единиците. Доколку пак, калибрацијата е прилагодена премногу високо, брзините во компресорот ќе бидат повисоки што може да доведе до одредени дефекти на турбо компресорот, како и штета на моторот и инсталација за снабдување на моторот со воздух.

 

Електричен вентил

 

Поновата генерација вентили за ослободување на притисокот на турбо - компресорот користи електромотор како погон за поместување на лостот. Ова овозможува попрецизна контрола на лостот на вентилот, а дополнителна предност е тоа што нема црева за контрола на вентилот коишто често се проблен за губењето на силата на моторот.